
Две бараки се запалиле доцна попладнево во скопската населба Ченто.
Според првичните информации, нема жртви, но предизвикана е материјална штета.
Противпожарната бригада со четири возила интервенирала за кратко време спречувајќи пожарот да се прошири.
Во едната барака, како што објави весникот „Вечер“, немало никој, а во другата имало жена која во моментот на пожарот спиела. Соседите кои први го забележале чадот за среќа на време успеале да ја алармираат и спасат.
Причините за пожарот засега не се утврдени.