Белгискиот Сенат го поддржа правото на малолетниците на евтаназија

Горниот дом на белгискиот Парламент денеска усвои измени на Законот за евтаназија, со кои под одредени услови и во согласност со родителите, таа се овозможува и за малолетниците.

За предложените законски измени со „да“ гласаа 50 сенатори, а 17 се изјаснија „против“.

Во случај измените да бидат одобрени и од Долниот дом, евтаназијата ќе биде дозволена за деца кои трпат неидржливи болки, страдаат од смртоносна болест или набрзо им се заканува смрт.

Во законскиот предлог не е наведена старосната граница, но децата ќе мора да бидат „во состојба да расудуваат“.

За извршување на евтаназијата ќе мора да се поднесе писмено барање, децата да бидат свесни што нивното барање значи, а барањето мора да биде одобрено и од нивните родители или старатели.

Евтаназијата во Белгија официјално е одобрена од 2002 година, но само за лица постари од 18 години.