
Луксембург беше и остана најбогатата земја од 28-те членки на Европската унија, а Бугарија, и покрај напредокот во последните три години се’ уште е најсиромашната, соопшти Еуростат.
Според Еуростат, бруто домашниот производ (БДП) на Луксембург по глава на жител, измерен со индексот за куповната моќ, во 2012 година изнесуваше 263 евра, што е за два ипол пати поголем од просечните 100 евра во ЕУ.
Зад Луксембург, со 30 отсто поголем БДП по глава на жител од просекот во ЕУ е Австрија со 130 евра по глава на жител, на третото место е Ирска со 129 евра, потоа Холандија со 128 евра, Шведска, Данска, Германија со 120 евра и Белгија.
На деветото место е Франција со 109 евра, зад неа е Велика Британија со 108 евра и Италија со 103 евра.
Малта, Словенија и Чешка имаат од 10 до 20 отсто поголем БДП по глава на жител од просекот во ЕУ, додека Словачка, Португалија, Грција, Литванија и Естонија 20 до 30 отсто под европскиот просек.
Хрватска, со БДП по глава на жител од 38 отсто помал од просекот во ЕУ, се наоѓа во групата со Полска, Унгарија и Летонија.
Бугарија, која стана членка на ЕУ во 2007 година, има БДП по глава на жител од 47 евра, а Романија е втората најсиромашна земја во Унијата со просек од 50 евра.