
Министерот за странски инвестиции Џери Наумоф оствари работна средба со сопственикот на најголемата бугарска компанија од областа на земјоделството на која му беа презентирани можностите и бенефициите кои ги нуди Македонија во овој сектор. На средбата министерот Наумоф се осврна на активностите кои ги презема Владата и Министерството за земјоделство за зголемување на конкурентноста на македонското земјоделско производство.
Оваа компанија која три години по ред е прогласувана за најдобар агробизнис во Бугарија покажа серозен интерес за воспоставување на мрежа на откупни дистрибутивни центри за земјоделски производи во Македонија.
Сопственикот на бугарската компанија оствари средба и со Министерот за земјоделство, Љупчо Димовски на која и беа понудени повеќе земјоделски локации за изградба на откупни центри.