
Денеска, од 9 до 14 часот ќе бидат отворени вратите на општината Ѓорче Петров, а целта е граѓаните да поставуваат прашања, да даваат предлози и да покренуваат иницијативи за решавање конкретни проблеми од локалната самоуправа со што ќе придонесат за подобрување и успешно реализирање на плановите и програмите за работа на Општината.
Општинската администрација ќе ги евидентира предлозите и иницијативите и ќе одговара на прашања од областа на урбанизмот, инспекциското работење, финансиите и нормативно-правните работи.
Општина Ѓорче Петров ги повикува граѓаните да ја искористат можноста за непосредно учество во креирањето на работата на општинската администрација и во подобрување на живеењето во сите сегменти.