
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов ќе оствари средба со проф. д-р Иво Шлаус, претседател на Светската академија на науките и уметностите.
На свечена церемонија, проф. д-р Иво Шлаус на претседателот Иванов ќе му врачи сертификат за членство во Светската академија на науките и уметностите.
Сертификатот за членство во Светската академија на науките и уметностите на претседателот Иванов му се доделува како признание за исклучителни научни и општествени достигнувања и постојана посветеност на целите за глобална човекова благосостојба, мир и одржлив развој.
Светската академија на науките и уметностите е меѓународна невладина научна организација, светска мрежа на членови избрани за истакнати постигнувања од областа на природните и општествените науки, уметноста и хуманистички науки.
Членови на Светската академија на науките и уметностите се реномирани, научници, уметници, претседатели на истражувачки институти и меѓународни организации, добитници на нобелова награда, бизнис лидери, политичари и државници.