Александар Лукашенко: Белорусија е подготвена на секакви чекори за нормализирање на односите со ЕУ

Белорусија е подготвен на секакви чекори за нормализирање на односите со Европската унија и за соработка на рамноправна основа, изјавил претседателот на земјата Александар Лукашенко, пренесе „ИТАР-ТАСС“.

„За нормализирање на овие односи кон нас не може да има никакви претензии. Не сакам да кажам дека топката е во вашето поле, но таа навистина е во вашето поле“, коментирал шефот на државата.

Според зборовите на Лукашенко продуктивна соработка со земјите од ЕУ е можна исклучиво врз основа на рамноправност и меѓусебно почитување.