
Две лица на возраст од 19 и 20 години од Пробиштип киднапирале нивна сограѓанка, по што и упатувале сериозни закани по нејзиниот живот, информира Министерството за внатрешни работи.
На 15-ти овој месец, 19-годишниот Х.Т. и една година постариот М.П, и двајцата од Пробиштип, околу четири часот, движејќи се со автомобил „југо 101 Скала“, ја пресретнале 20-годишната Р.Р., која пеш се движела по улицата.
Во еден момент, со употреба на физичка сила и закана, насилно ја внеле во возилото и се упатиле кон Свети Николе. Насилниците, во меѓувреме, и’ упатувале сериозни закани по нејзиниот живот.
Штипската полиција против поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „противправно лишување од слобода“.