
Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Кетрин Ештон, пред состанокот на Советот на ЕУ на ниво министри за надворешни работи, изјавила дека Унијата е силно загрижена од некои изјави на повисокото раководство на Украина, но е подготвен да и помогне на земјата, а исто така да придонесе за обезбедување на помош од меѓународните финансиски институции, пренесоа „УНИАН“.
Украинскиот претседател Виктор Јанукович и премиерот Микола Азаров, кон крајот на минатата недела, критикуваа некои положби во Спогодбата за асоцијација со ЕУ, посочувајќи дека тие се бескорисни за Украина.