ЕУ ќе ги продолжи преговорите со Украина за договорот за асоцијација

Европската унија ќе ги продолжи преговорите со Украина за договорот за асоцијација, надевајќи се на неговото потпишување, штом Украина ги исполни сите услови на 28-члениот блок, соопшти „ИТАР-ТАСС“, повикувајќи се на изјава на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Кетрин Ештон.

„ЕУ е подготвена да разговара и со Русија за ситуацијата со Украина во духот на стратешкото партнерство“, додала Ештон.