
И во следните денови во нашата земја ќе преовладува сончево, стабилно и суво време, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.
За утре, метеоролозите најавуваат претежно сончево време, а температурите ќе се движат од три степени во Маврово до 11 степени во Гевгелија. Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со максимална дневна температура до шестиот степен.
Во следните денови, исто така, ќе преовладува сончево време со максимална дневна околу 15-от степен.