
Во трагична сообраќајна незгода во филипинската престолнина Манила животот го загубија 22 лица.
Во тешка сообраќајна незгода, 22 лица го загубија животот, а 20 се пренесени во болница со сериозни повреди, откако рано утринава автобус кој се движел со голема брзина ја пробил заштитната ограда на автопатот, а потоа удрил во комбе.
Според полицијата, причинита за несреќата се’ уште е непозната, но најверојатно е од големата брзина со која се движел автобусот.
Сообраќајните ензгоди се чести на Филипините бидејќи не се почитуваат сообраќајните правила.