
Преговорите меѓу Тројката меѓународни кредитори и грчката Влада продолжија и во текот на викендот. Двете страни се чини дека се многу блиску до постигнување на договор во врска со иднината на државното претпријатие „Грчки одбранбени системи“, а тоа е последниот „прелиминарен чекор“, неопходен за добивање за следната транша од програмата за финансиска помош, пишува „Катимерини“.
Запознаени извори посочуваат дека Грција и нејзините кредитори во моментов разговараат колкав дел од 818-те вработени во „Грчки одбранбени системи“ ќе ги задржат своите работни места по поделбата на компанијата на две претпријатија. Владата се надева дека ќе бидат задржани 341 работни места.