
Украинската страна побара од Русија да не одржува прес-конференција по средбата меѓу претседателот Виктор Јанукович и неговиот руски колега, Владимир Путин. Ова го соопшти главниот уредник на радио „Ехо Москва“, Алексеј Венедиктов, цитиран од „Украинска правда“.
„Претставниците на Јанукович го замолија Кремљ да не одржува прес-конференција на претседателите по денешните преговори“, рекол тој.
„Рускиот претседател ќе одговара на прашања на тема Украина на прес-конференција на 19 декември, а Јанукович ќе одржи прес-конференција во Киев“, истакнал Венедиктов.