ОН има обезбедено заштита на 10.000 цивили во Јужен Судан

Обединетите Нации соопшти дека во две свои бази во главниот град на Јужен Судан обезбедува заштита на 10 000 цивили и ги повика завојуваните групи да се воздржат од етничко насилство, пренесе „АФП“.

„Најважно е насилството да не се здобие со етнички димензии“, изјавила специјалната претставничка на генералниот секретар на ОН, Хилда Џонсон. Според неа, почнувајќи од денес 10.000 цивили, добиле заштита во двете бази на мисијата на ОН.