
Руската Дума во второто читање усвои низа амандмани, меѓу кои и оној со кој се овозможува амнестија не само на лицата кои се осудени за хулиганство, туку и за оние кои се обвинети за ова дело.
Со тоа е овозможена амнестија на активистите од „Гринпис“, кои беа уапсени кон крајот на септември при обид да протестираат на нафтена платформа во северниот дел на Баренцово Море.
Врз основа на овие амандмани би можеле да бидат ослободени и некои од осомничените за немирите од 6 мај 2012 година во Москва, но не и организаторите на немирите, како лидерот на Левиот фронт, Сергеј Удаљцов, кој е во притвор од февруари годинава.
Законот за амнестија се однесува пред се на малолетнуте лца, постарите лица, самохраните родители и родители на малолетни деца.
Законот се носи во чест на 20-годишнината од рускиот Устав.