
Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Кетрин Ештон, оценила дека започнувањето преговори со Србија за членство во ЕУ е важно за целиот регион.
„Започнувањето на реговори за прием, не е само значајна порака за Србија, туку и за целиот регион“, изјавила Ештон во Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент.
Кетрин Ештон изразила надеж дека преговорите со Косово за Договорот за стабилизација и придружување ќе бидат завршени следната година.