
Израелскиот претседател Шимон Перес, изјави дека народот на Израел сака мир и сака да живее во добрососедски односи со Палестинците и останатите Арапи, пренесе „ИТАР-ТАСС“.
„Принципот ‘две држави за два народа’ треба да биде во основата на решението на конфликтот, што може да биде постигнато само по пат на преговори меѓу страните“, изјавил Перес.