
Ракометната репрезентација на Србија во четвртфиналето на Светското првенство за жени го елиминира бранителот на титулата и олимписки шампион Норвешка со 28:25.
Ракометарката на Вардар СЦБТ во дресот на Србија, Андреа Лекиќ постигна 4 голови, додека Марија Лојпур не влезе во игра. Србија во полуфиналето ќе игра со Полска, која со 22:21 ја совлада Франција.
Во репрезентацијата на Франција ракометарките од македонскиот првак Вардар СЦБТ Алисон Пино и Сираба Дембеле постигнаа по 5 голови, додека Амадине Лејно имаше 6 одбрани. Но ова не беше доволно за победа, бидејќи Францизинките мимимално беа поразени од Полска со 22:21. Во четвртфиналето Бразил по продолжение ја совлада Унгарија со 33:31, додека нивни противнички во полуфиналето ќе им бидат ракометарките на Данска кои со 31:28 ја победија Германија.