Лидерите на Европската унија и формално денеска одлучија преговорите за приклучување на Србија кон Унијата да започнат на 21-ви јануари, и ја усвоија преговарачката рамка, дознава српски „Танјуг“ од извор во седиштетот на ЕУ.
Ова претставува потврда на заклучоците на Министерскиот совет, кој претходно оваа недела расправал за оваа тема, со прецизирање на датумот.
ЕУ на првата меѓувладина конференција на ЕУ и Србија, која го означува почетокот на преговорите, ќе претседава Грција, која од први јануари ќе го започне шестмесечното претседавање со Унијата.