
Притвор за кичевчанец кој полово нападнал мало девојче.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, пред два дена 49-годишниот Н.М. од Кичево нападнал осумгодишно девојче.
Педофилот монструозниот чин го сторил во неговиот дом. Тој и ставил селотејп трака на устата по што без да изврши обљуба почнал да ја допира по телото и да ја бакнува.
На пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена. Против Н.М. до сега се поднесувани пријави за сторени имотни деликти за што истиот бил и затворски осудуван.