
Густата магла и вечерва го попречува сообраќајот на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, па поради тоа не се реализирани неколку полетувања и слетувања за Истанбул, Хамбург и Мулхаус.
Доколку имате потреба од информации за евентуалното откажување на летовите во и од скопскиот аеродром, во реално време може да ги добиете на официјалната Интернет страница на аеродромот во Скопје.