
Очигледно е дека акционата ѕвезда, Чак Норис мораше да му покаже на Жан Клод Ван Дам дека има само еден херој во светот, а тоа е токму тоj.
Чак се појави во празничното видео за компанијата за анимација „Delov Digitalis“, во која го имитира Ван Дам и неговата популарна шпага.
Норис во негов стил ја „преработи“ хит рекламата на Ван Дам направена за „Волво“, каде актерот прави шпага на два камиони во движење, а воедно и им ги честита празниците на своите обожаватели.