
На соборениот египетски претседател Мохамед Морси и уште 132 луѓе ќе му се суди за бегство од затвор и убисттво на полицаец за време на револуцијата во 2011 година.
Меѓу обвинетите се и лидерите на исламистичкото движење Муслимански браќа, кои го поддржуваат Морси, а кои исто така побегнале од затворот Вади ал Натрун, за време на бунтот против тогашниот претседател Хосни Мубарак.
Процесот ќе се води и протви свештеникот од Катаар , Јусеф ал Карадавиј, а во обвинението се наведуваат и припадници на либанската екстремистичка група Хезболах и палестинската милитантна група Хамас, јавува АП.