
Непознат крадец од шпанскиот град Јеан, кој на својата последна жртва и украл видео камера и снимки, на полицијата и’ дојавил дека разоткрил педофил откако ги прегледал украдените видео материјали.
Полицијата крато потоа го уапсила осомничениот шеесет и четиригодишен маж и соопштила дека станува збор за фудбалски терен во младински клуб, кој децата ги мамел во неговата куќа ги принудувал да гледаат порнографија и потоа ги злоупотребувал.
Досега се идентификувани четири деца кои биле негови жртви. Едно од децата ее на возраст од 16 години и се претпоставува дека злоупотребата почнала уште на 10 години.
Инаку, крадецот се јавил во полиција од јавна говорница и кажал каде ќе ги остави снимките за полицијата да ги прегледа и да уапси педофилот.