
Шест летови утрово се откажани поради густата магла на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје.
Според информациите на официјалната страна на аеродромот, утрово се откажани три слетувања и три полетувања, додека два лета доцнат.
Откажани се две полетувања кон Цирих и едно кон Истанбул, бидејќи претходно авионите кои доаѓаа од овие дестинации не пристигнаа на аеродромот во Скопје поради лошите временски услови.