
Лидерот на Партијата за националистичко движење (МХП), Девлет Бахчели, изјави во врска со операцијата против корупција и мито, дека владејачката Партија на правдата и развојот (АКП ), го попречува процесот за разјаснување на вистинските размери и вмешаните лица, информираат турските медиуми.
„Секоја интервенција и обиди за насочување и влијание, уште повеќе ќе ги зголеми сомневањата за АКП“, изјавил Бахчели.
Покрај тоа, лидерот на турските националисти остро ја критикуваше тоталната чистка во полицијата и органите за безбедност и ја повика Владата да престане да „лудува“ и да се бори со турската полиција.