
Златен накит во вредност од околу 10.000 евра бил украден од куќа во скопското село Сарај, соопштува Министерството за внатрешни работи.
Крадецот успеал да влезе во куќата на 41-годишниот А.М. од Сарај, по што го одзел накитот.
Полицијата презема мерки за откривање на сторителот.