
Брод полн со гориво се превртел на влезот во пристаниште во јужниот дел на Мароко, а локалните власти „ги презеле неопходните чекори за да избегнат еколошка катастрофа“, јавуваат денеска мароканските медиуми.
Бродот бил натоварен со 5.000 тони индустриско масло од Канарските острови, а се превртел на влезот во пристаништето Тан Тан во јужниот дел на Мароко.
Несреќата се случила откако бродот удрил во карпа и се превртел. Според локалните медиуми, не е наведено дека има поголемо истекување на горивото, но поради претпазливост се преземени сите мерки за да се избегне штета за околината.