
Иранскиот парламент ќе го разгледува предлогот вториот град да се прогласи за главен и седиштето на владата да се пресели од пренаселениот и загаден Техеран, пренесуваат тамошните медиуми.
Агенцијата додава дека, доколку пратениците го прифатат предлогот, ќе биде формиран специјален совет кој во следните две години ќе ги разгледува алтернативните локации за главен град.
Во самиот предлог нема назнака кои градови евентуално би биле во игра. На пошироката територија на Техеран живеат 12 милиони лица, а градот се соочува со многу проблеми, како што се тешкото загадување, сообраќајниот метеж и високата стапка на криминал.
Во последната деценија во Техеран двојно се зголеми бројот на жители бидејќи многу Иранци од внатрешноста се селат во главниот град во потрага по работа и подобар живот.