
Валандовчанец го оштетил државниот буџет за над милион денари со даночно затајување.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, поднесена е кривична пријава против Т.П. од село Јосифово, кој како управитил на ТТДБ „Дока Текстил“ ДООЕЛ-Јосифово и сторил кривично дело „даночно затајување“.
При извршена контрола во работењето на друштвото утврдени се недостатоци во делот на книжењето и наплатата на даночните обврски, при што пријавениот неплатил данок на додадена вредност, персонален данок и данок на добивка во вкупен износ од 1.068.729 денари на штета на државниот буџет.