
Најмалку 14 лица се убиени и околу 130 повредени во експлозија во близина на зграда на египетската полиција.
Според информациите од локалната полицијата, пред полициската станица во градот Мансура во исто време биле активирани автомобил бомба и рачна експлозивна направа.
Експлозијата била толку моќна, што дел од петкатната зграда се урнала.
Причинети се големи материјални штети на соседните згради и десетици автомобили се затрупани под урнатините. Ранет е началникот на полицијата во Мансура, а шефот на неговиот кабинет загинал. Многу од жртвите се во критична состојба, при што бројот на загинати постојано расте.
Привремената египетска влада за нападот го обвини Муслиманското братство кое е прогласено за терористичка организација во земјата.