
Најголемата ѕвезда во дресот на моментално второпласираниот тим во француската Прва лига, Монако, колумбискиот интернационалец, Радамел Фалкао е убеден дека епитетот најдобар фудбалер на денешницата во следните 365 дена треба да биде во сопственост на репрезентативецот на Португалија, Кристијано Роналдо.
“Меси и Роналдо моментално се најважните фудбалери во фудбалскиот свет, но според мене, епитетот најдобар фудбалер на денешницата треба да биде во сопственост на репрезентативецот на Португалија и фудбалер на Реал (М), Кристијано Роналдо”, изјави 27-годишниот напаѓач на Монако.