
Иако пред неколку дена, претседателот на каталонскиот гигант Барселона, Сандро Росел, јавно изјави дека не е точна информацијата за преговорите околу новиот договор на аргентинскиот интернационалец, Лионел Меси, во вторникот, потпретседателот, Жосеп Мариа Бартомеу, откри дека аргентинскиот интернационалец во најбрз можен рок ќе биде познат и како најскапо плате фудбалер на денешницата.
„Најдобриот фудбалер на денешницата мора да биде и најскапо платен фудбалер на денешницата. Ние сме свесни и занеме што треба да направиме во следниот период. Меси тоа го заслужува. Дали е точна информацијата дека Тата Мартино ќе си замине од ‘Ноу Камп’ на крајот од актуелната сезона? Јас можам да кажам дека Мартино има договор со Барселона и знам дека е многу среќен на ‘Ноу Камп'”, изјави Бартомеу.