Починато лице е пронајдено попладнево на улицата „Македонско Косовска Бригада“ во Топанско Поле.
Според првичните информации, 65-годишниот Демири Фазли кој околу 14:30 часот бил пронајден мртов на улицата. Фазли починал откако му се слошило.
Од полицијата соопштија дека нема траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.