
Турскиот министер за животна средина Ердоган Бајрактар поднесе оставка, тој е веќе третиот член на кабинетот, кој се повлече од функцијата поради корупцискиот скандал што го потресе кабинетот на премиерот Реџеп Таип Ердоган и целата турска јавност. Министерот исто така го повикал премиерот да го следи неговиот пример, пренесува „АФП“.
„Се повлекувам и како министер и како пратеник. Верувам дека и премиерот исто така треба да поднесе оставка, посочил Ердоган Бајрактар.
Малку порано денес министерот за економија Зафер Чаглајан и министерот за внатрешни работи, Муамер Ѓулер ги објавија своите оставки.