
Аутодеск Македонија вчера во Битола им ги додели сертификатите на оние кои завршија тренингот за програмите на Аутодеск.
Аутодеск Македонија е формиран од страна на компанијата Kumevbrothers production и Autodesk USA со добивање на лиценците за ATC (Ауторизиран тренинг центар за Македонија од страна на Autodesk USA)и ACC Autodesk Certification Center.
Целта на овој тренинг институт е да обезбеди високо квалитетен тренинг за софтверите од Autodesk.
Компанијата е единствена сертифицирана компанија во Македонија од страна на Autodesk. Со посета на курсевите се стекнувате со оргинални дипломи кои ги добивате директно од Autodesk и тие дипломи се признаени во целиот свет.
Компанијата исто така истражува и бара талентирани поединци кои ги дообучува и сертифицира.Со текот на годините тие развиваат уникатни тренинг понуди кои одговараат за секаков профил во 3d индустријата. Програмата за обука која ја нудат се покажа како доста успешна и големиот број на посетители успешно ја совладаа со што тие поуспешно пронаоѓаат работа и изработуваат високо квалитетни портфолиа.
Со текот на годините ги усовршуваат програмите и изработуваат голем број на тренинг матерјали кои дел се и на македонски јазик.