
Контроверзниот менаџер на лондонскиот премиерлигаш Чезли, Жозе Мурињо, експресно им одговори на клупските челници и најверните фанови на Арсенал кои веднаш по завршувањето на првенствената пресметка на “Емиарти” изјавија дека градскиот ривал е најдосадниот тим во Премиер лигата.
„Тие изјавија дека ние сме досадни? За мене досаден е тој тим кој игра на домашен терен, а не може да постигне ниту еден гол. Тоа е досадно. Играш на домашен терен, пред полн стадион, пред најверните фанови кои дојдоа и покрај очајните временски услови и кои очекуваа победа на нивниот тим. Не постои таков фудбалски фан, кој е дојде на својот стадион и кој не очекува неговиот тим да победи или да постигне најмалку еден погодок. Ако на некој му беше досадно, тогаш тоа беше Петр Чех, кој не направи ниту една интервенција”, изјави Мурињо.