
Противпожарната служба во Грција ги истражува причините за силниот пожар што речиси целосно ја изгоре фабрика за производство на млечни производи „Кри-Кри“ во северниот град Сер, пишува „Катимерини“.
Сите вработени кои биле на работа во моментот на инцидентот, успешно биле евакуирани. Пожарот ги уништи објектите за обработка и чување на млечни производи во фабриката, која е еден од главните работодавци во градот.
За гаснење на пожарот беа испратени 13 возила на противпожарната, 35 пожарникари и десетици спасители кои се бореа во текот на неколку часа за да го совладате огнот.