
Претстојниот викенд, кој што е и последен за оваа година, времето ќе биде стабилно и релативно топло и температура околу 14-от степен, најавуваат метеоролозите.
За утре метеоролозите најавуваат врнежи од дожд, кои што ќе бидат пообилни во јужните делови и се очекува локално на наврнат над 20 литри на метар квадратен. Најстудено утре ќе биде во Маврово со само три степени над нулата, а максимална дневна температура до 10-от степен ќе има во Штип, Гевгелија и Струмица.
На 31-ви декември времето ќе биде стабилно и суво со максимална дневна температура до 10-от степен.