
Ракометните репрезентации на Србија и Црна Гора, ќе бидат ослабени на претстојното Европско првенство во Данска ( 12 – 26 јануари), наредната година. Селекторот на Црна Гора, Зоран Кастратовиќ во составот ќе го нема капитенот Душко Мрваљевиќ. Бекот настрада во натпреварот со својот тим Минден, а лекарските прегледи покажаа дека не станува збор за лесна повреда.
„Се работи за проблем со коленото , а клупските лекари му препорачаа на Црногорецот да мирува најмалку шест месеци”, изјави разочарано Кастратовиќ.
Српскиот селектор Владан Матиќ нема да може да смета на двајца клучни и грачи. Тој во Данмаска нема да ги има Ненад Вучковиќ и Жарко Шешум. Првиот ќе мора да замине на операција на десниот палец на раката, додека вториот се се уште се опоравува од тешката повреда на потколеницата.