
Маж почина откако му се превртел тракторот и останал заробен под приколката.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, вчера се случила трагична незгода во село Долно Чичево, Градско во која загина 50-годишниот Симо Б.
Додека излегувал од дворното место, тракторот се превртел, а Симо остнал заробен под приколката. Од здобиените повреди починал на лице место.