
Од јапонски готвач до четиригодишни близнаци, бисексуалка, маж, девојка зависник од аеробик, 23-годишна Британка има 15 идентитени поради пореметување.
Дејли Меил пишува дека Кими Сенд боледува од дисоцијативно пореметување на идентитетот и поради тоа, таа своето тело го дели со уште 15 личности, а секоја личност може во било кој момент да ја преземе контролата врз останатите личности.
Олеснителна околност е што ни една од личностите во неа не е агресивна и опасна. Се работи за сосема различни личности, и по карактер, и по години, а и по пол.
Таа вели дека од три години го има овој проблем, но дури на 20 години докторите и кажале што и е.
Нејзиниот партнер вели дека се навикнал на сите идентитети, но е интимен само со Кими.
Бидејќи таа е 15 различни личности за Божик мора да купат подароци за сите нив, па потрошиле стотици фунти плус.