Мурињо: Ме убија, уморен сум после секој натпревар

И покрај минималниот триумф над гостинскиот тим на Свонси, контоверзниот менаџер на лондонскиот премиерлигаш Чезли, Жозе Мурињо, по натпреварот изјави дека го “убиле” неговите фудбалери кои пропуштија неколку чисти шанси.

„Ме убија! После секој натпревар сум уморен. Очекував да бидеме порелаксирани за време на паузата, очекував поубедлива преност, но не беше така. На стартот од второто полувреме ја имавме најголемата шанса на натпреварот, а потоа не ни беше досуден чист пенал. Со тоа што не постигнавме уште најмалку еден погодок, му дадовме шанса на противникот да се надева, да мисли дека може да освои некој бод на “Стемфорд Бриџ”. Сепак, моите фудбалери одиграа совршено кога е во прашање дефанзивата, беа на висина на задачата. Највиновен за минималната победа е гостинскиот голма, кој спаси сигурно три, четри погодоци”, изјави трофејниот португалски стручњак.