
Полицијата заплени поголемо количество петарди во автомобил на жител на Македонска Каменица.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера, во рамки на редовни контроли при претрес на автомобил во Македонска Каменица откриено е поголемо количество пиротехнички средства.
Според полициски информации, во автомобилот на 42-годишниот Д.К. од Македонска Каменица се пронајдени и заплените 5.240 петарди, наменети за продажба за престојните празници.