
Македонската ракометна репрезентација претрпе пораз во првата контролна средба против Словенија , откако во Трбоље се поразени со 31:25. Избраниците на селеторот Ивица Обрван, одлично се држеа дофинишот на натпреварот кога Словенците го презедоа водствово и заслужено победија.
Кире Лазаров со шест гола беше најефикасен во “ црвено – жолтиот” тим, Дејан Манасков постигна четири погодоци, Златко Мојсоски и Димовски беа стрелци на по три гола, додека останатите погодоци беа дело на Георгиевски, Ојлевски и Стоилов (два), како и на Јоноски, Миркуловски и Стојчевски, кои постигнаа по еден гол на овој меч.
Ова беше единствениот контролен натпревар планиран за време на подготовките во Пореч. Нашиот национален тим ќе се врати во Македонија, а на турнирот во СРЦ Кале, од 3. до 5. Јануари ќе одигра пријателски натпревари со Србија и со Црна гора.