
Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва на булеварот Партизански одреди во близина на поликиниката Букурешт.
Според првичните информации на порталот Курир, во сообраќајката учествувале два автомобили, „Форд Фокус“ и „Ланчија“, од кои едното е такси возило.
Во инцидентот повредени се двајцата возачи, од кои едниот е со полесни повреди, додека на другиот му се вршат лекарски прегледи.
Причините за несреќата за сега се непознати.