
Додека домаќините спиеле, крадецот успеал да си замине од куќата со плен богат околу 30.000 австралиски долари.
Според информациите на Министерството за внатрешни работи, крадецот влегол во куќата на 63-годишниот Љ.Д. од Битола, насилно го отворил прозорецот од балконската врата на првиот кат до куќата. Почнал да пребарува по работите во собите и успеал да ги најде парите. За тоа време, домаќините спиеле на вториот кат од куќата.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот и преземање мерки за откривање на сторителот.