
Со право се вели дека крушката под крушка паѓа.
Уште пред да прооди, малата Норт Вест го доби својот прв љубимец на четири тркала, се разбира, направен по нарачка.
Ким Кардашијан и Каније Вест на својота шестмесечна ќерка на купот скапи и луксузни подароци додадоа уште еден екстра-фенси подарок, мини „ламборџини“ исто како на тато.
„Каков татко, таква ќерка“, напиша 33-годишната старлета Ким Кардашијан на фотографијата која ја сподели на социјалните мрежи од двата луксузни автомобили, едниот во оргинална, а другиот во мини верзија.
Но, тоа не е се’, шестмесечната Норт ужива статус на ѕвезда приватни авиони, скапа гардероба, забави и подароци од уште поголеми ѕвезди.
Па, останува да се прашаме, ако на шест месици тато и мама Кимје и подарија „ламборџини“, што ќе и подарат за 18-ти роденден?