
Деновиве, во издание на „Табернакул“, од печат излезе најновиот роман на Венко Андоновски, „Ќерката на математичарот“. Станува збор за два романа со еден заеднички крај, односно за две книги кои и графички се одделени една од друга: во едната, поголема книга е „вградена“ помалата, која може да се извади од големата книга.
Читањето е двонасочно: може да се прочита најпрвин големата, а потем малата книга, или прво малата, а потем големата, затоа што двете се надополнуваат, односно се расветлуваат една со друга, а завршуваат со заеднички крај.
Книгата е дистрибуирана во книжарницата на „Табернакул“ и се продава со празничен попуст.